„Директен удар на Трамп“: ЕУ и Мексико со трговски договор ги елиминираа царинските давачки

Мексико и Европската унија постигнаа договор за нов трговски договор со кој практично ги елиминираат царините во меѓусебната трговија.

Обемниот документ ќе ги поедностави царинските постапки и ќе ги укине тарифите на „речиси сите“ производи со кои се тргува меѓу земјите членки на ЕУ и Мексико, јави Си-ен-ен повикувајќи се на соопштението на Европската комисија објавено во сабота.

Претставниците на Мексико и на ЕУ уште минатата година најавија дека ќе ги забрзаат преговорите за да го обноват трговскиот договор потпишан во 2000 година, откако САД се заканија со воведување на тарифи на увоз на мексиканска роба и со повлекување од Северноамериканскиот договор за слободна трговија (НАФТА).

Си-ен-ен проценува дека претставниците на Мексико и на ЕУ „изгледа директно удираат на мерките на американскиот претседател Доналд Трамп со изјавите во кои го фалат договорот како одбрана на ‘отворена’ трговија и трговија ‘заснована на прописи’“.

„Мексико и ЕУ делуваа заедно и постигнаа решение во заедничка корист. Го направивме тоа како партнери кои се подготвени да разговараат за да ги одбранат своите интереси, и кои се истовремено подготвени на компромиси за да ги исполнат очекувањата на другата страна“, изјави претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер.

Договорот, според Си-ен-ен, претставува исчекор во потпирањето на Мексико на трговијата со САД.

Официјалните претставници, исто така, велат дека договорот ја отвора вратата на компаниите во Европската унија или Мексико да учествуваат на тендери за државни договори во странство, како и да ги регулираат работните, безбедносните и стандардите за заштита на животната средина.

Деталите на договорот ќе бидат предмет на понатамошни преговори пред да бидат формализирани.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе