Осомничени дека учествувале во убиство на грузиски државјанин

Дипломатска војна на Берлин и Москва: Германија протера двајца руски дипломати

Германија протера двајца руски дипломати, кои биле дел од руската амбасада во Берлин, осомничени дека учествувале во убиство на грузиски државјанин во главниот град на Германија.

Руското министерство за надворешни работи оцени дека потегот е непријателски и неоправдан. Тие ветија дека ќе следи соодветен одговор на Кремљ.

„Ова е апсолутно неоснована шпекулација. Оваа тема на некој начин ја подгреваат германските медиуми, но тоа не значи дека тоа е вистината“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Дојче веле пренесува дека станува збор за убиството на 40-годишниот Зелмикан Кангошвили, кој во август беше убиен во еден парк во Берлин. Напаѓач го усмртил Грузиецот возејќи велосипед, среде бел ден. За убиството е осомничен 49-годишниот државјанин на Русија, Вадим Соколов, кој во меѓувреме е уапсен, а се сомнежи за вмешаноста на Москва во злосторството постои од почетокот на истрагата, иако Русија ги негира обвинувањата.

Обвинителите наведоа дека постојат „доволно докази“ дека убиството е извршено со дозвола на државните служби на Русија или Чеченија.

Кангошвили, наведува Дојче веле, бил азилант со челенско потекло, кој се борел против Русите во Втората чеченска војна (1999-2009). Тој бил познат и по втор идентитет како „Торнике К.“, кој го користеле германските обвинители. Тој по војната наводно работел во Украина и Русија против руските интереси.

Поднел барање за азил во Германија во 2016 година по повеќе обиди за убиство во Грузија. сепак, неговото барање било одбиено и требало да биде депортиран. „Предупредивме дека ова ќе се случи порано или подоцна“, кажа за Дојче веле неговата поранешна сопруга Манана Цатиева.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе