Дијалогот на Белград и Приштина во Брисел: нова рунда или ултиматум?

Експертски тимови на Белград и Приштина се сретнуваат денес во Брисел во рамките на дијалогот со кој посредува Европската Унија.

EPA-EFE

Како што претходно официјално беше објавено, ќе се разговара за проблемот на раселените и исчезнатите, како и за економски теми. Делегацијата на Србија ја предводи директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија на српската влада Марко Ѓуриќ, додека од косовска страна на чело на тимот е координаторот за дијалогот Скендер Хисени.

Ова ќе биде втора средба на експертско ниво. Претставници на Косово и Србија се сретнаа во Брисел на 23 јули, кога делегацијата на Косово одби да разговара за економски теми.

Меѓутоа, прашањето кое се поставува е дали на Србија на денешниот состанок ќе ѝ биде врачен некаков ултиматум, за кој во последните денови се пишуваше по медиумите.

Малку е веројатно дека администрацијата во Брисел на денешната средба ќе им врачи нацрт на сеопфатен договор на српските преговарачи за што во последните два дена се шпекулира, дознава Блиц од дипломатски кругови.

Весникот потсетува дека пред два дена се појави информацијата дека бриселските функционери би можеле да се обидат да го забрзаат преговарачкиот процес и практично да ја стават пред свршен чин српската делегација.

Меѓутоа, како што велат повеќе соговорници на Блиц од Брисел, тешко е да се очекува на состанок на кој се зборува за технички прашања да се врачи нацрт на сеопфатен договор, и тоа на Ѓуриќ.

„Тоа едноставно не се прави така“, наведува еден од изворите.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе