Девојката која го преживеа масакрот во училиштето во Паркленд изврши самоубиство

Сиднеј Аиело е девојката која го преживеала масакрот за време на Валентајн 2018 година во училиштето Паркленд, Флорида си го одземала животот минатата недела, пренесува Си-ен-ен.

Нејзината мајка Кара изјави дека девојчето страдало од чувство на вина по еден од најкрвавите напади во модерната американска историја во кој загинаа 17 лица.

Девојката по нападот била дијагностицирана со пострауматско стресно растројство (ПТСП).

Аиело беше во кампусот за време на нападот, но не и во зградата во која се случи нападот, вели нејзината мајка. Девојката матурирала неколку месеци откако Николас Круз, тогаш 19-годишник, уби 14 студенти и тројца професори.

Семејството на Медоу Полак, жртва на нападот, Сиднеј ја опишуваат како мила девојка. По повод смртта на поранешната ученичка, директорот на школото Стоунман Даглас Хај се обрати до вработените и учениците на школото.  

„Таа секогаш беше насмеана и зборлива“, ја опишува Аиело нејзиниот поранешен професор по историја.

Нападот на Паркланд се случи на 14 февруари 2018 година. Извршен од поранешниот студент Николас Круз, тогаш 19-годишен. Овој напад предизвика големи студентски протести ширум САД во кои учениците бараа да се ограничи купувањето на оружје.

 

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе