Девојче со пиштол рани двајца ученици и чувар во средно училиште во Ајдахо

Девојче од шесто одделение рани три лица пукајќи од пиштол што го донела во училиште во Ајдахо, а една наставничка ја разоружила, соопштија властите.

Фото: ЕПА

Таа вчера во средно училиште во источниот дел на американската држава Ајдахо погодила двајца ученици и чуварот во нозе, а се верува дека повредите не се опасни по живот, соопштија властите на прес-конференцијата.

Шерифот на округот Џеферсон Стив Андерсон изјави дека девојчето извадило пиштол од ранецот и испукало повеќе куршуми во зградата на средно училиште и околу неа во малиот град Ригби, околу 145 км југозападно од Националниот парк Јелоустоун.

Една наставничка го разоружила девојчето и го држела сè додека пристигнале припадници на полицијата и ја одвеле во притвор, но полицијата не соопшти повеќе детали.

Властите соопштија дека го испитуваат мотивот за нападот и каде девојчето го пронашло пиштолот.

Девојчето е од блискиот град Ајдахо Фолс, рече Андерсон, но не го кажа нејзиното име.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе