Девојче почина поради предизвик на ТикТок, истрага во Италија

Јавното обвинителство во Италија покрена истрага за смртта на десетгодишно девојче што учествувало во таканаречената „игра на задушување“ на социјалната мрежа ТикТок.

Фото: ЕПА

Неколку часа откако се дознало за смртта на девојчето Антонела, што предизвика гнев низ цела Италија, Канцеларијата за заштита на податоците во Рим одлучи дека ТикТок, ако не може со сигурност да ја потврди возраста на корисникот, мора да го блокира најдоцна до 15 февруари.

Иако според правилата на ТикТок, корисниците не смее да бидат помлади од 13 години, компанијата не го спречила 10-годишното девојче да си отвори профил, изјавија италијанските власти.

Девојчето од Палермо во средата се заклучило во бањата и се снимало со телефон додека го стегало појасот од бањарката околу вратот, учествувајќи во предизвик на ТикТок во кој целта е што подолго да остане без воздух, пренесува Дојче веле.

Нејзината петгодишна сестра ја нашла во бесознание. Лекарите се бореле за нејзиниот живот, но не успеале да ја спасат.

Јавното обвинителство во Палермо покрена истрага за поттикнување на самоубиство.

Италијанските власти изјавија дека платформата ТикТок „не посветува доволно внимание за да ги заштити малолетниците“ и ја осудија леснотијата со која децата можат да се пријават на апликацијата.

ТикТок, платформа за споделување видеосодржини, мошне популарна кај тинејџерите низ целиот свет, е во сопственост на кинеската компанија Бајтденс (ByteDance). Во Европа има околу 100 милиони корисници.

„Безбедноста на тикток-заедницата е наш врвен приоритет. Спремни сме во секој момент да соработуваме со властите во врска со истрагата за смртта на Антонела“, соопшти ТикТок.

Родителите на девојчето рекле дека не знаеле за што станува збор и дека нивната друга ќерка им рекла дека Антонела играла „игра на задушување“.

Таткото на Антонела рече дека тој претпоставувал дека таа гледа танцувачки кореографии и други видеа на ТикТок.

Градоначалникот на Палермо, Леолука Орландо, напиша дека е во шок, како и веројатно целиот град, и дека сега е предоцна да се разговара за односот на децата и младите кон социјалните мрежи, „особено за време на пандемијата, која уште повеќе ги турна луѓето во дигитална комуникација“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе