Деветти ден антивладини протести во Бугарија (ВИДЕО)

Во Софија и во други градови низ Бугарија деветти ден по ред се оддржуваат протести против владата и јавниот обвинител.

EPA-EFE

Учесниците на протестот во Софија почнаа да се собираат пред зградата на претседателството во раните попладневни часови, иако официјалниот почеток на протестите беше закажан за 17 часот.

Протестот го обезбедуваа силни полициски сили, пренесува БТА.

Претходно денес, заменик шефот на полицијата во Софија Антон Златанов кажа дека осум лица се задржани во притвор од вчера, 16 јули, пред и по антивладините протести во бугарската престолнина.

Златанов кажа дека дрога била најдена кај двајца приведени, а кај шест лица се најдени ножеви, солзавец и пиротехнички средства.

Регионалниот суд во Софија денес им одреди кауција на четворица момчиња, кои се уапсени и обвинети бидејќи ги гаѓале полицајците со шишиња и метални лименки кои ги фрлале и на зградата на Народното собрание за време на антивладините протести на 14 јули.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов во средата побара од министрите за финансии, економија и внатрешни работи да поднесат оставки поради протестите одржани низ земјата против корупцијата.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе