Деветгодишно девојче од Авганистан спасено од брак со 55-годишен маж (ВИДЕО)

Минатиот месец Си-ен-ен објави вознемирувачка приказна за детските бракови во Авганистан, додека оваа земја е погодена од хуманитарна криза.

Фото: скриншот

Многумина беа особено трогнати од случајот со деветгодишната Парвана, која за брак му беше продадена на 55-годишен маж за околу 2.000 долари.

Нејзиниот татко тогаш рече дека ова му е единствената опција да го прехрани семејството, бидејќи останал без работата со која заработувал по три долари дневно. Од преземањето на талибанците, пред два и пол месеци, тој ги потрошил сите пари што ги имал. И со осум усти за хранење, таткото на Парвана го направил незамисливото.

По повиците од целиот свет, се вклучи и една невладина организација од Соединетите Американски Држави, која ја спаси малата Парвана. Си-ен-ен снимил сè.

Авганистан и порано имаше проблем со продажбата на женски деца и склучувањето договорени бракови, а сега тоа се случува со уште помали деца.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

Ние Македонците од село Гореме, општина Струмјани, го поздравуваме народот покрај Вардар (барем реката сѐ уште е таму) и се „восхитуваме" на дејствувањата на мудрите мажи на државата.

 

повеќе

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе