Девет мртви во нападот со комби во Торонто (ВИДЕО)

Девет луѓе загинаа а шеснаесет се повредени во канадскиот град Торонто откако комби се заби во пешаци, потврди полицијата. Возачот на комбито беше уапсен веднаш по нападот.

Канадскиот министер за јавна безбедност Ралф Годал не даде одговор за можните мотиви за нападот.

„Истрагата во моментов е во фаза во која немаме прецизни информации. Полицијата спроведува темелна истрага за да се утврди како и зошто сѐ се случи“, изјави Годал на прес-конференција.

Портпаролката на компанијата Рајдер систем, Клаудија Панфил, потврди дека напаѓаќот возел изнајмено комби на нивната фирма, како и дека соработуваат со властите во истрагата.

На социјалните мрежи се појави снимка од возачот, пред да биде уапсен, како држи пиштол вперен во полицајци.

Еден сведок за Си-ен-ен изјави дека возачот намерно ги целел пешаците.

„Намерно го направи тоа, сакаше сите да ги убие, луѓето паѓаа еден по еден“, кажа тој.

Тој додаде и дека имало доста постари лица на улицата, но дека во еден момент видел бебешка количка како лета во воздух.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе