Девет лица уапсени пред затворот во кој се наоѓа Навални, меѓу нив и неговата докторка (ВИДЕО)

Руската полиција денеска пред затворот во кој се наоѓа критичарот на Кремљ Алексеј Навални приведе девет негови приврзаници вклучително и докторката кој сакала да го прегледа.

Фото: ЕПА

Навални, истакнат противник на претседателот Владимир Путин, најави штрајк со глад минатата недела, протестирајќи против вработените во затворот кои одбиле да му овозможат третман за акутните болки во грбот и нозете.

Неговите приврзаници се заканија дека ќе протестираат пред затворот во градот Покров источно од Москва доколку на Навални не му се дозволи посета од лекар и пристап до лекови. Затворот тврди дека неговото здравје е задоволително и дека ја има целата потребна медицинска нега.

Анастасија Василиева, сојузничка на Навални и лидер на лекарскиот синдикат, за кој властите сметаат дека се активисти на опозицијата, рече дека таа не учествувала во протестот, но имала договорен состанок со затворски службеник и сакала да влезе во институцијата да го прегледа Навални, но тоа не ѝ било дозволено. Полицијата подоцна ја уапси заедно со уште шест лица, вклучувајќи неколку демонстранти и двајца новинари на Си-ен-ен.

„Сите наши мирни акции не делуваат. Изгледа дека сакаат да го убијат Алексеј“, рече Василиева додека полицијата ја приведувала.

Полицијата соопшти дека девет лица се уапсени за нарушување на јавниот ред и мир. Властите го зајакнале обезбедувањето на затворот, го ограничиле пристапот до паркингот само за вработените и направиле импровизирана контролна точка и блокада на патот.

Навални доцна синоќа објави дека има висока температура и силна кашлица и дека тројца затвореници во неговото одделение се хоспитализирани од туберкулоза. И покрај ова, тој најави продолжување на штрајкот со глад. Кремљ одби да ја коментира неговата здравствена состојба, велејќи само дека тој ќе добие иста медицинска нега како и сите други затвореници.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе