Детали за падот на „мигот“ во Бугарија: остатоците испратени на анализа (ВИДЕО)

Во тек е ДНК анализа на остатоците најдени за време на потрагата по бугарскиот МиГ-29 кој вчера се урна во Црното Море. Остатоците се лоцирани на длабочина од 70 метри, а потрагата по црната кутија е во тек.

EPA-EFE

Бугарската авијација и морнарица нашле, по повеќе од 30 часа потрага, „биолошки материјал“ и остатоци кои се испратени на детални анализи за да се потврди дали станува збор за остатоците на „мигот“ и пилотот Валентин Терзиев.

„Продолжува потрагата по црната кутија“, кажа бугарскиот адмирал Емил Ефтимов, објавувајќи ги резултатите од потрагата за „мигот“ кој се урна за време на воена вежба над Црното Море.

Како што наведуваат бугарски извори, „мигот“ исчезнал од радарите за време на вежба на ноќно гаѓање, односно напад врз светлечка мета закачена на падобран.

Бугарскиот медиуми наведуваат дека тој вид гаѓање е „тежок маневар“, бидејќи постои можност пилотот да ја изгуби ориентацијата.

Вежбата била веднаш прекината кога бугарскиот ловец исчезнал од радарите.

Министерството за одбрана на Бугарија тврди дека остатоците на авионот се на дното на Црното Море, на длабочина од 70 метри.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе