Детали за мигрантот кој ги турна мајката и детето под воз: Ова не е негов прв напад

Четириесетгодишниот Еритреец обвинет за убиство на осумгодишно момче, кое вчера во Франкфурт го турнал под воз, го бара полицијата во Швајцарија, која издала налог за негово апсење поради напад врз жена, соопшти денес германската полиција.

Мажот добил азил во Швајцарија, но минатиот четврток со нож ѝ се заканувал на сосетката, по што избегал, изјави началникот на федералната полиција Дитер Роман.

„Затоа Швајцарија издаде национална потерница“, рече Роман на прес-конференција.

Се чини дека мажот нелегално влегол во земјата, рече на конференцијата министерот за внатрешни работи Хорст Зегофер.

Четириесетгодишникот во понеделникот на главната станица во Франкфурт пред воз кој доаѓал на шините ја турнал мајката на едно момче, која преживеала, а потоа и осумгодишното момче и се обидел да турне и 78-годишна жена која се срушила на платформата, изјави началникот на полицијата.

Полицијата го уапсила додека се обидувал да избега од станицата. Обвинителството во Франкфурт покренало службена потерница за убиство и за два обида за убиство, мајката на момчето и 78-годишната жена, изјави Надја Нисен од канцеларијата на јавниот правобранител во Франкфурт.

Доколку биде осуден, се соочува со доживотен затвор.

„Природата на злосторството сугерира на тоа дека би можело да се работи за ментална болест“, рече Нисен, додавајќи дека сè уште се прават стручни проценки за да се утврди за што точно станува збор.

„Нема индикации дека бил под дејство на алкохол или дрога“, им рече Нисен на новинарите, нагласувајќи дека веднаш по апсењето е спроведен тест со кој не е утврдено присуството на супстанции.

Мажот инаку има три деца. Шефот на полицијата рече дека во Швајцарија дошол во 2006 година, каде што две години подоцна му бил даден азил. Бил добро интегриран и „властите го опишувале како примерен“.

Нисен рече дека нема причина да се поврзе овој инцидент со минатонеделниот случај од Вахтербах, близу Франкфурт, каде Германец нападнал Еритреец и потоа си го одзел животот.

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе