БОСТОН

Десничарите и левичарите во Бостон, распоредени 500 полицајци

Илјадници левичари и анти-расисти се собраа во центарот на Бостон, протестирајќи на претходно закажаниот десничарски собир за „Слобода на говорот".

Организаторот на десничарскиот собир - Бостонската коалиција за слобода на говорот - рече дека ги повикала „либертаријанците, конзервативците, традиционалистите, класичните либерали, поддржувачите на Трамп и сите што го користат своето право на слобода на говорот“.

Тие тврдат дека на митингот нема да дадат повод за расизам или нетрпеливост.

Собирот во Бостон е планиран уште пред минатонеделното насилство во Шарлотсвил.

Од друга страна, контра-митинг организира коалицијата на главно левичарските групи, активистите како и членовите на движењето „Животите на црнците се важни“, објасни Си-ен-ен.

Тие носат левичарски обележја и слогани како „Не Трамп. Не ККК. Не расистичка Америка“, а исто така извикуваа и анти-нацистички слогани...

Околу 500 полицајци се распоредени, некои во униформа, некои во цивилна облека, за да ги одвојат групите демонстранти.

Демократскиот градоначалник на Бостон Марти Волш и републиканскиот гувернер на Масачусетс Чарли Бејкер предупредија дека нема да се толерираат екстремистички немири во тој град што важи за колевка на американската слобода.

 

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе