Десната коалиција на Салвини изгуби во левичарското упориште Емилија-Ромања

Десната коалиција предводена од Лига на Матео Салвини не успеа да ја победи левата коалиција предводена од Демократската партија (ПД) во покраината Емилија-Ромања, со која левицата владее 75 години, додека во покраината Калабрија очекувано победи десницата.

Според излезната анкета на телевизијата РАИ, кандидатот на ПД и коалициските партнери, сегашниот претседател на покраината Стефано Боначини освои 48,2 проценти од гласовите, а кандидатката за Лига и коалициските партнери Лучија Боргонзони 45,9 проценти, додека анкетата на СВГ му дава на Боначини 51,8 проценти, на Боргонзони 41,5 проценти.

На италијанските регионални избори за претседатели на покраините и за покраинските општини обично се формираат два големи коалициски блока со формални имиња коалиција на десниот центар и коалиција на левиот центар.

„Емилија-Ромања испрати сигнал. Салвини знае како да зборува за проблемите, но не знае како да ги реши и луѓето одговорија“, рече водачот на ПД, Никола Ѕингарети.

Салвини надолж и попреку ја помина Емилија-Ромања и во последните неколку недели посети повеќе од 100 општини во покраината за да обезбеди победа, за која се надеваше дека може да ја собори владата на премиерот Џузепе Конте.

Емилија-Ромања е една од најбогатите покраини во Италија, со стапка на невработеност од само 5 проценти, половина од националниот просек. Таа со генерации е силно упориште на левицата.

Салвини сè уште не го прифати поразот во Емилија-Ромања и рече дека чека да се објават официјалните резултати од изборите.

„После 70 години, конечно дојде до натпревар. Претходно, натпреварот секогаш беше решен уште пред да почне“, рече Салвини, додавајќи дека е горд што ја предизвикал левицата во таа покраина.

На изборите во 2014 година, левиот блок освои 49,1 отсто од гласовите, десниот 29,8 проценти и Движењето Пет Ѕвезди 13,3 проценти.

Според излезните анкети, десничарската коалиција победи во Калабрија, покраина во јужна Италија.

Членка на партијата на Берлускони, Напред Италија, Јоле Сантели, освои 52 проценти од гласовите, според анкетата на СВГ.

Сантели била кандидатка на истата десничарска коалиција како во Емилија-Ромања, која ја чинат Лига на Салвини, партијата на Берлускони и партијата Браќа на Италија.

Според истата анкета, левичарскиот кандидат Филипо Калипо освои 30 проценти од гласовите, а кандидатот на Движењето Пет Ѕвезди 7,4 проценти.

Политичките аналитичари предвидуваат дека резултатите од изборите ќе ја зајакнат коалициската положба на Демократската партија, која на изборите во 2018 година освои помалку гласови од Движењето Пет Ѕвезди, коe беше релативен победник на изборите.

Првично по изборите, формирана е влада на Движењето Пет Ѕвезди и Лига со непартискиот премиер Џузепе Конте, од која Салвини, охрабрен со анкетите според кои Лига била единствената најсилна партија во Италија, излезе и безуспешно се обиде да распише предвремени избори.

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе