„Еден од пет милиони“

Десетти протест во Белград, се приклучија и студентите (ВИДЕО)

На платото пред Филозофскиот факултет во Белград синоќа почна десеттиот протест „Еден од пет милиони“. Протестот продолжи со прошетка на граѓаните по главните градски улици, а беше поддржан и во други градови низ Србија.

На протестот се придружија студентите од Факултетот за политички науки, Факултетот за организациски науки, Сообраќајниот факултет, Електротехничкиот факултет, кои истакнаа дека дошле за да ги поддржат професорите и да укажат на проблемот со одливот на мозоци.

Од 8 декември протестите се организираат секоја сабота во Белград. На почетокот од организирањето на протестите, граѓаните побараа власта да престане со насилството врз неистомислениците и да се пронајдат лицата одговорни за нападот врз Борко Стефановиќ.

Барањата потоа се дополнуваа, а главното барање на протестите е оставка на Александар Вучиќ, претседателот на Србија и на владејачката Српска напредна партија, како и слободни и фер избори.

Во Грачаница, Брус, Александровац, Крагуевац, Пирот, Прокупље и Горни Милановац исто така се одржаа протести на граѓани незадоволни од власта.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе