Италија

Десетици загинати при падот на мостот Понте Моранди во Џенова (ВИДЕО)

Италијанската служба за брза помош потврди дека „десетици“ луѓе загинале по падот на мостот во близина на градот Џенова. Министерот за транспорт, Данило Тонинели го опиша инцидентот како „огромна трагедија“.

100 метри долгиот дел од автопатот А10 во пристанишниот град се урна во вторникот изутрина. За 11 лица е потврдено дека се загинати и се очекува бројот на жртвите да се зголеми. Околу 20 возила, наводно, биле на мостот за време на несреќата.

Мостот, познат како Понте Моранди, бил изграден во 1968 година, на истиот му била направена реконструкција во 2016 година.

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе