Десетици уапсени за време на Парадата на гордоста во Истанбул (ВИДЕО)

Турската полиција повторно насилно интервенираше за време на денешната Парада на гордоста на ЛГБТ популацијата во Истанбул и уапси десетици луѓе, меѓу кои и фоторепортер на Франс прес.

EPA-EFE

Дури и пред почетокот на собирот полиција за разбивање демонстрации упадна во повеќе барови во квартот Џихангир околу култниот плоштад Таксим и апсела луѓе кои тука се наоѓале, меѓу кои новинари и ЛГБТ активисти.

Како и секоја година геј парадата официјално ја забрани гувернерот на градот, но стотици демонстранти со знамиња во бои на виножитото се собраа во улиците околу плоштадот Таксим, кој е целосно затворен за јавноста.

Уапсените биле превезени со два автобуси кон главата полициска станица.

Невладината организација Хаос ГЛ, која се залага за промоција и заштита на ЛГБТ популацијата изброила 52 уапсени лица, пренесува Амнести интернешнал, која побара преку Твитер тие „веднаш и безусловно“ да се ослободат.

Булент Килич, искусен фотограф на Франс прес, кој ги следи конфликтните зони, со лисици на рацете и искината маица бил префрлен со останатите во полициско возило.

Тој и минатата година беше уапсен под исти околности.

По поворката во 2014 година со над 100.000 учесници во Истанбул, турските власти ја забрануваат Парадата на гордоста година за година, официјално од безбедносни причини.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе