Во синоќешните немири

Десетици повредени во Белград, 23 уапсени: „Полицијата постапи крајно воздржано“ (ВИДЕО)

Директорот на полицијата на Србија, Владимир Ребиќ, рече дека полицијата „реагирала крајно воздржано“ за време на синоќешните немири во Белград и дека употребила хемиски средства околу 23 часот. Најмалку 43 полицајци се повредени, а 23 лица се уапсени во немирите. Пет полициски возила се запалени, а повредени се и три коњи.

Ребиќ вели дека билансот на синоќешните протести и немири во Белград е „исклучително сериозен“ што се однесува до полицијата.

„Имавме 43 повредени полицајци, веројатно бројот е значително поголем бидејќи оние со помали повреди не пријавиле. Имаме податоци за повредени 17 демонстранти“, рече Ребиќ како гостин во дневникот на РТС.

„23 хулигани“ се приведени, рече Ребиќ, изјавувајќи дека меѓу нив е и Дамјан Кнежевиќ, кој може да се опише како организатор на упадот во Собранието. Тој додаде дека и поранешниот член на Двери, Срѓан Ного, бил означен како организатор на упадот.

Едно лице е уапсено за палење полициско возило.

„Не можеме да дозволиме само 23 лица да бидат одговорни, мора и другите“, рече Ребиќ.

Според него, собирот почнал спонтано, а со зголемувањето на агресијата на насобраните, се зголемил и бројот на полицајците.

Во еден момент, рече тој, на теренот имало околу 200 полицајци.

„Мислам дека полицијата долго беше крајно воздржана, употребивме физичка сила дури кога беше употребена против нас, делувавме со екстремна воздржаност, користевме хемикалии само околу 11 часот, на крајот и коњаницата мораше да интервенира. Сепак, успеавме да ги растераме сите, ќе видиме врз основа на видеоснимките од камерите да ги идентификуваме сите оние што извршиле насилство на улиците на Белград“, рече Ребиќ.

Утрово пред зградата на српскиот парламент има полициски кордон. Припадници на Министерството за внатрешни работи се распоредени пред другите важни институции во Белград, како и на некои поголеми раскрсници.

Синоќа во Белград избувна протест по најавата на претседателот Александар Вучиќ дека поради моменталната епидемиолошка состојба, тој ќе предложи повторно да се воведе полициски час во Белград, но дека тоа е можно и во другите градови. Во текот на ноќта, имаше повеќе инциденти во кои беа повредени и демонстранти и полицајци, а полицијата тепаше и луѓе што мирно седеа на клупи.


Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе