Стампедо на верски фестивал во Израел, десетици мртви (ВИДЕО)

Десетици луѓе загинаа во стампедо на верскиот фестивал Лаг Бомер во северниот дел на Израел во петокот, објавија локалните медиуми, а премиерот Бенјамин Нетанјаху ја нарече несреќата „голема катастрофа".

EPA-EFE/DAVID COHEN

Лекарите потврдија дека 103 лица биле повредени, вклучително и десетици луѓе со фатален исход, на фестивалот Лаг Бомер во подножјето на планината Мерон, каде што десетици илјади ултраортодоксни Евреи се собрале на гробот на еврејски мудрец од 2 век на годишното чествување на неговата смрт, која вклучува целоноќна молитва и танц околу оган.

Гробницата на рабинот Шимон Бар Јохаи е едно од најважните светилишта во еврејскиот свет, а собирот годинава за одбележување на неговата смрт е најбројниот во Израел од избувнувањето на пандемијата на коронавирусот пред повеќе од една година.

Медиумите јавуваат за 44 мртви. Полицијата нареди евакуација на верниците и го забрани пристапот до местото.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Твитер напиша дека станува збор за „голема катастрофа“. „Сите се молиме за благосостојбата на жртвите“, рече тој.

Верскиот собир бил организиран и покрај противењето на здравствените власти, загрижени поради ризикот од ширење на инфекцијата со ковид-19.

Сè уште не е целосно јасно како се случила оваа несреќа. Првите информации од теренот велат дека дошло до рушење на конструкција. Но, како што подоцна беше објавено, сепак дошло до стампедо. Според полициските информации, стампедото започнало откако некои посетители се лизнале по скалите, што предизвикало верижна реакција и многу луѓе паднале. Потоа дошло до стампедо.

„Сè се случи во еден момент. Луѓето едноставно паднаа, паѓаа едни врз други. Тоа беше катастрофа“, изјави еден сведок за локалните медиуми, пренесува Би-би-си.

Снимките од местото на настанот покажуваат илјадници луѓе збиени едни до други. Потоа се случува стампедо и луѓето паѓале едни врз други затоа што немало простор за движење.

Еден верник вели дека помислил дека станува збор за бомба затоа што слушнал пораки од разглас што ги повикува луѓето да се разидат.

„Никој не мислеше дека тоа може да се случи тука“, рече тој за ТВ Канал 12.

„Радоста стана тага, големата светлина стана длабока темнина“, рече тој.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/DAVID COHEN

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе