Десетици блискоисточни мигранти „насилно“ влегоа во Полска (ВИДЕО)

Полските власти соопштија дека фатиле 50 баратели на азил што илегално влегле во земјата од Белорусија, додека ЕУ го обвинува Минск дека ја предизвикал бегалската криза.

Фото: ЕПА

Портпаролот на регионалната полиција Томаш Крупа рече дека 50 луѓе „насилно“ ја преминале границата во близина на селото Стазин, нешто по 20 часот по локално време во саботата. Полицијата приведе 22 потенцијални баратели на азил, од кои сите се ирачки државјани, додаде тој.

Подоцна полската гранична стража соопшти дека сите 50 натрапници биле брзо фатени и „однесени на граничната линија“.

Крупа рече дека приближно во исто време во саботата, неколку десетици луѓе се обиделе да ја пробијат границата во близина на Клуковице-Колонија, додека уште околу 100 чекале во близина. Според портпаролот на полицијата, мигрантите ги гаѓале полицајците со камења, при што оштетиле полициско возило. „Еден камен удри во шлемот на еден офицер. За среќа, на полицаецот не му беше потребна хоспитализација“, рече тој.

Севкупно, само во саботата имало 223 обиди за илегални премини од Белорусија во Полска, според полската гранична стража.

Повеќе од 3.000 баратели на азил, претежно од Блискиот Исток, кампуваат на границата со Белорусија подложени на студот во студените ноемвриски ноќи, како и на солзавецот и лутиот спреј што повремено ги користат полските граничари. Извештаите велат дека до 10 мигранти се пронајдени мртви од почетокот на судирот минатиот месец.

ЕУ ја обвинува Белорусија дека ја смислила бегалската криза како дел од „хибриден напад“ против блокот. Највисокиот дипломат на ЕУ, Жозеп Борел, изјави за Журнал ду Диманш во неделата дека земјите-членки на 15 ноември ќе одлучат дали да ги прошират санкциите кон Минск за да ги таргетираат „сите оние што се вклучени во шверцот на мигранти во таа земја, на пример, авиокомпаниите и туристичките агенции“.

Борел рече дека ЕУ ќе разгледува санкции за околу 30 белоруски владини претставници „вклучени во кризата“.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко негираше дека го олеснува приливот на мигранти на полската граница. Белоруските власти ја обвинуваат ЕУ дека води сопствена хибридна војна против Минск поддржувајќи ги опозициските личности и медиумите.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе