Десет загинати во поплавите на Мајорка, исчезна и дете (ВИДЕО)

Десет луѓе загинаа, меѓу кои и двајца Британци и една Холанѓанка, а едно дете исчезна во поплавите кои ноќта меѓу вторникто и средата го разурнаа источниот дел на Мајорка, главниот остров на туристичкиот архипелаг Балеара.

Жртвите се британска двојка и една Холанѓанка, две Шпанки и четворица Шпанци, и еден маж за кого се верува дека е странец, но сѐ уште не е идентификуван, соопштија вечерва локалните власти.

Едно дете и понатаму се смета за исчезнато, соопштија претходно службите за вонредни ситуации кои информираат на каталонски, шпански, англиски и германски, бидејќи на островот има многу Британци и Германци.

Обилните дождови предизвикаа поплави на Мајорка доцна синоќа.

Надојдената вода носеше автомобили низ стрмните улици во источниот град Сант Лоренц. Реките кои се излија од своите корита носеа и куќи, па луѓето мораа да бараат засолниште во спортска сала во соседниот град Манакор.

Од една страна, Уставот му доделува бројни функции, а од друга страна, скржаво ги определува средствата за нивно остварување на практичен план.

повеќе

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе