Гренланд

Десет милијарди тони мраз се урнаа во морето (ВИДЕО)

На снимката може да се види што се случило со глечерот Хелхајм на Гренланд за само 30 минути.

Во јуни џиновската санта мраз, долга 6 километри и тешка 10 милијарди тони, се открши на Гренланд и падна во океанот.

Мразот со големина на њујоршки Менхетн се кршел половина час, прво почнале да се одвојуваат парчиња мраз, а потоа и подебел дел кој се кревал над површината на морето, а потоа паднал во водата. Така во морето завршиле 10 милијарди тони мраз.

Иако звучи застрашувачки, треба да се има предвид дека тоа е во просек само три отсто од вкупното количество кое Гренланд го губи годишно.

Колкава е навистина силата на природата и како изгледа „мразотресот“ кој можел да се почувствува на големо растојание може да видите во снимката направена од Денис Холанд од Центарот за набљудување на промените на нивото на светските мориња.

Националното достоинство и идентитет не се статични „од Бога дадени" категории, туку динамични категории кои зависат од нашите постапки и акции.

повеќе

Не е во прашање само Русија VS Западот. Има нов играч на масата.

повеќе

Ако на референдумот на 30 септември македонските гласачи изгласаат да се смени името на нивната држава во Северна Македонија, НАТО треба да ја покани нивната влада во Алијансата.

повеќе