Полицаецот кој му клечеше на вратот

Дерек Човик прогласен за виновен за убиството на Џорџ Флојд (ВИДЕО)

Поранешниот полицаец Дерек Човин е прогласен за виновен по сите три точки на обвинението за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд.

EPA-EFE

Тој ќе остане во притвор уште неколку дена, по што ќе биде префрлен во затвор на издржување на казната.

Човин претходно се изјасни дека не е виновен по сите три обвиненија и се повика на петтиот амандман на американскиот устав, односно одби да одговара на прашањата на поротниците и обвинителите. Тој беше обвинет за ненамерно убиство од втор степен, убиство од трет степен и убиство од втор степен. Претходно не е осудуван, па судијата ќе го има тоа предвид при одредувањето на казната.

Братот на Џорџ Флојд пред изрекувањето на пресудата изјави дека „сè ќе биде во ред“ и присуствуваше на изрекувањето на пресудата.

За судбината на Човин одлучуваа 12 поротници, шест белци, четворица црнци и двајца мешани. Тие пресудата ја разгледуваа вкупно 10 часа, во текот на два дена.

Претседателот на САД Џо Бајден го гледал изрекувањето на пресудата, а најавено е дека ќе ѝ се обрати на јавноста по судењето, „штом тоа ќе биде прикладно“.

Џорџ Флојд почина во мај од последици на задушување откако Човин го држеше своето колено на неговиот врат повеќе од девет минути при приведувањето. Флојд бил приведен за тоа што се обидел да купи цигари со фалсификувана банкнота од 20 долари.

Минувачи го снимија Флојд како лежи на земја и моли за милост, пред да умре, и тоа видео ги шокираше луѓето низ целиот свет, а разгневи голем број Американци. Ликот на Флојд стана симбол на најголемите протести против расизмот во САД во изминатите децении.

Главниот патолог смртта на Флојд ја окарактеризира како убиство од страна на полицијата. Обвинителството, во текот на двете недели на изнесување на аргументите, тврдеше дека Човин употребил прекумерна, и со самото тоа нелегална сила, со тоа што клечел на вратот на Флојд, прекинувајќи му го доводот на кислород.

Адвокатот на Човин, при изнесувањето на аргументите, кажа дека тој го правел тоа за што бил обучуван за време на 19 години работа во полицијата на Минеаполис. Човин беше отпуштен еден ден по смртта на Флојд.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе