Во Сенатот

Денеска почнува судењето на Трамп, Капитол опколен со боцкава жица

Судскиот процес за отповикување на поранешниот американски претседател Доналд Трамп почнува денес во американскиот Сенат, а постапката беше покрената во Претставничкиот дом пред Трамп да замине од власт.

Фото: ЕПА

Како што објави Гласот на Америка (Воа), се очекува Претставничкиот дом да го претстави своето обвинение за судењето на Трамп, поранешниот претседател ќе го застапуваат неговите адвокати, додека сенаторите ќе бидат поротници што ќе треба да одлучат дали Трамп е виновен.

Трамп е обвинет за поттикнување бунт од своите приврзаници што упаднаа во Конгресот на 6 јануари и го држеа под окупација четири часа, за време на специјалната седница на која подоцна истата вечер беше потврдена победата на Џозеф Бајден на претседателските избори.

Пет лица загинаа во насилствата во Конгресот.

Непосредно пред упадот во Конгресот, Трамп ја вжешти атмосферата на протестот во Вашингтон, повторувајќи ги неоснованите тврдења дека претседателските избори на 3 ноември му биле украдени.

Потребно е двотретинско мнозинство во Сенатот за да се осуди Трамп, односно 67 гласа, што значи дека заедно со демократите, за тоа треба да гласаат и 17 републиканци, според Воа.

Трамп е единствениот американски претседател чиј импичмент е двапати изгласан од долниот дом на Конгресот.

Во случај на неочекувана осудувачка пресуда, Трамп ќе стане првиот претседател на Соединетите Држави кого Сенатот го осудил по обвинение на Претставничкиот дом.

Капитол Хил непосредно пред почетокот на судењето на Трамп во американскиот Сенат, неколку недели по инаугурацијата на претседателот Џозеф Бајден и еден месец по упадот на приврзаниците на Трамп е опкружен со ограда висока 2,5 метри, на чиј врв има боцкава жица.

Полицијата во Капитол Хил соопшти дека заострените безбедносни мерки ќе останат во сила и за време на судењето на Трамп.

Неговите заменици тврдат дека случајот е исполитизиран, а судењето неуставно, поранешниот претседател веќе соопшти дека нема да се појави пред членовите на американскиот Сенат, а американската јавност претежно е поделена околу тоа дали тој треба да биде осуден и да му се забрани повторно да се кандидира.

Демократите, кои во овој процес се во улога на обвинители, ќе се обидат да ги убедат сенаторите, кои имаат улога на поротници, дека Трамп носи исклучива одговорност за насилната опсада на седиштето на американската законодавна власт.

Од друга страна, адвокатите на поранешниот претседател тврдат дека процесот на отповикување против него, како што тврдат, е политички театар, дека Трамп го искористил правото на слобода на говорот и дека ги поттикнувал приврзаниците на мирен протест.

Демократите тврдат дека поранешниот претседател нема валидна одбрана.

Судењето на Доналд Трамп во Сенатот се очекува да трае најмалку една недела, вели Гласот на Америка.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе