И покрај тоа што беа планирани долго пред Русија да ја почне својата инвазија на Украина, вежбите се одржуваат во време на значително зголемени тензии меѓу НАТО и Москва.
Во контекст на руската инвазија, вежбите се мошне симболични за балтичките држави бидејќи нивната намера е да ја тестираат нивната способност да одговорат на евентуален руски напад.
НАТО планира уште три воени вежби – „Бранител Европа“ (Defender Europe) и „Брз одговор“ (Swift Response), во кои ќе учествуваат 18.000 војници од 20 земји, а ќе се одржат во Полска и во осум други земји. Во вежбата под кодно име „Железен волк“ (Iron Wolf) во Литванија ќе учествуваат 3.000 сојузнички војници и 100 возила.
„Вежбите како овие покажуваат дека НАТО е силен и подготвен да ги заштити нашите нации и да се брани од каква било закана. Тоа се редовни вежби, планирани долго пред руската брутална и неоправдана инвазија на Украина, но помагаат да се отстрани секоја можност за погрешно проценување или недоразбирање за нашата решеност да ја заштитиме и одбраниме секоја педа од сојузничката територија. Вежбите на НАТО се одбранбени, транспарентни и во согласност со нашите меѓународни обврски“, изјави портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску.