Коронавирус

Денес се отвора поголем дел од Европа

Европа денес, а во некои случаи утре, ќе постели привремено чергиче за добредојде - отворајќи ги внатрешните граници за посетителите во многу европски земји. На повеќето места Македонците не се на списокот на добредојдени.

Земјите како Грција, Хрватска и Португалија веќе почнаа да канат туристи. Но туризмот останува забранет во поголем дел од Африка и во многу делови на Јужна Америка. Азија, Јапонија и Виетнам ги задржаа забраните за патувања.

Уште една земја што не му се враќа на туризмот е Нов Зеланд, кој останува затворен за скоро сите меѓународни патувања. Наместо тоа, на 15 јуни, нацијата планира да го прослави своето успешно искоренување на вирусот. Слично на тоа, Австралија сè уште не дозволува многу меѓународни патувања.

Различните владини политики, менливите „патнички меури“ и често откажуваните летови ќе продолжат да го комплицираат меѓународното патување, но почнувајќи од 15 и 16 јуни, еве некои од европските места што почнуваат пробно да примаат туристи.

Грција

Од 15 јуни Грција им дозволува влез на посетителите од следниве 29 земји: Германија, Австрија, Данска, Норвешка, Кипар, Израел, Швајцарија, Јапонија, Малта, Бугарија, Кина, Хрватска, Австралија, Нов Зеланд, Албанија , Естонија, Латвија, Либан, Литванија, Унгарија, Јужна Кореја, Србија, Црна Гора, Романија, Словенија, Словачка, Чешка и Финска. Македонија до минатата недела беше на оваа листа, но беше отстранета поради високиот број новозаразени.

Според грчките власти за цивилно воздухопловство, од некои патници може да се бараат карантин или тестови за ковид-19. Ќе се спроведуваат тестови по случаен избор, а списокот на земји од кои ќе се примаат туристи ќе биде надграден пред 1 јули.

Рестораните во затворен простор, местата за брза храна, баровите, интернет-кафулињата и ноќните клубови на отворено се отворени од 6 јуни. Почнувајќи од 15 јуни за посетители ќе бидат отворени сезонските хотели, музеите, историските згради и области, тематските и забавните паркови, спортските сали, сауните и термалните извори.

Австрија

„Австрија ерлајнс“ од денеска ги продолжува летовите, а од утре без тест или карантин во Австрија ќе можат да влезат посетители од членките на Европската Унија освен Шведска, Шпанија и Португалија. Забранети се патници од Велика Британија. (Австрија на 4 јуни ги отвори своите граници со Германија, Лихтенштајн, Швајцарија, Словачка, Чешка и Унгарија).

Белгија

Гостите во рестораните од денеска нема да мораат да носат маски.

Белгија од денеска прима патници од Европската Унија, како и од Велика Британија, Швајцарија, Лихтенштајн, Исланд и Норвешка.

Кафулињата и баровите во земјата се отворени од 8 јуни и може да работат до 1 часот по полноќ. Масите се оддалечени 1,5 метар и не смее да седат повеќе од 10 лица на маса.

На 1 јули ќе бидат отворени киносалите, казината и салите за приеми со максимум 200 присутни. Ноќните клубови нема да се отворат барем до крајот на август.

Чешка

На граѓаните и на жителите на 20 европски држави ќе им биде дозволен влез во Чешка, со рестрикции засновани според сериозноста на епидемијата во тие земји.

На границите меѓу Чешката Република, Германија и Австрија ќе има полициски пунктови за проверки за да се почитуваат мерките на Министерството за здравство.

Рестораните, кафулињата, баровите, како и хотелите, од 25 мај се целосно отворени со засилени санитарни мерки. Задолжителни се маски во сите јавни згради, како и во јавниот превоз и во области со најмалку две лица каде што не е можно социјално растојание.

Данска

Од денеска патниците од Германија, Норвешка и Исланд можат да ја посетат Данска со документација за резервација на престој од најмалку шест ноќевања.

Во моментов, на посетителите од Шведска, која има значително повисока стапка на смртност по жител од остатокот од нордискиот регион, им е забрането влегување во земјата. Сепак, данската влада во средата објави дека ја разгледува можноста да им дозволи да влезат на посетителите од Финска и југот на Шведска. Деловните патувања низ нордискиот регион почнаа на 1 јуни.

Рестораните и кафулињата се отворени со мерки за растојание и хигиена од 18 мај.

Германија

На полноќ на 16 јуни Германија ќе ги отвори границите и ќе ги олесни ограничувањата за патниците од Европската Унија, Велика Британија, Исланд, Норвешка, Лихтенштајн и Швајцарија. Сепак, Германија ги исклучува граѓаните и жителите од земји со масовни карантини и забрани за влез. Посетителите од Шведска не можат да влезат, а оние од Шпанија ќе бидат исклучени до 21 јуни. Во средата германскиот кабинет ја продолжи забраната за патувања за посетителите од повеќе од 160 земји, повеќето надвор од Европа.

Масовните настани со гледачи, како концерти, фестивали и спорт, се забранети најрано до 31 август. Процесот на повторно отворање варира во цела Германија, при што 16-те гувернери на земјата сами решаваат кога ќе се отворат одредени места, меѓу кои и кината, салоните за тетоважи и борделите.

Холандија

Од денеска во Холандија може да влезат посетители од 30 земји. Забранети се посетители од Шведска и Велика Британија.

Туристите мора да имаат доказ за хотелски резервации за да ја преминат границата. Патувањето низ Холандија не е ограничено, иако туристите се повикуваат да не одат на локации со многу луѓе. Туристите што не ги почитуваат локалните правила може да бидат казнети парично.

Важат правилата за социјално дистанцирање и хигиена, а јавниот превоз е дозволен само за основно патување - што не вклучува туризам. Ако повеќе сакате да јадете во внатрешниот дел на ресторан или кафебар, а не во надворешниот, мора да резервирате од претходно. Гостите мора да седат на растојание од 1,5 метар од луѓе што не се од нивното сопствено домаќинство.

Швајцарија

Денеска Швајцарија ги отвора границите со Австрија, Франција и Германија, „со што ќе се укинат сите патни ограничувања за овие земји и повторно да се воспостави слободно движење на лица“, се вели во соопштението на владата. Земјата ќе ги задржи границите затворени со Италија, иако Италија ги отвори своите граници на 3 јуни.

Федералното Министерство за внатрешни работи во земјата го задржува правото „да нареди лекарски преглед на границата за одредени групи на луѓе, односно мерење температура, здравствен прашалник или карантин, за кое било лице од земја со висок ризик наведена во Уредбата за ковид -19 што сака да влезе во Швајцарија“.

Рестораните веќе се отворени околу еден месец, со мерки за социјално растојание.

Турција

Минатата недела Адил Караимаилоглу, министерот за транспорт, рече дека во јуни Турција ќе продолжи со летовите до и од 40 земји, меѓу кои се Австрија, Бахреин, Бугарија, Хрватска, Германија, Грција, Северен Кипар и Сингапур, Белгија, Холандија, Норвешка и Јужна Кореја.

Турското Министерство за здравство може да побара од поединци да се самоизолираат 14 дена ако имаат симптоми на ковид-19. Маските за лице мора да се носат насекаде каде што луѓето се „колективно лоцирани“, вклучително и во приватни автомобили со две или повеќе лица.

Франција исто така го забрза повторното отворање, дозволувајќи им на рестораните и кафулињата во Париз денес целосно да се отворат.

Целиот континентален дел ќе влезе во „зелена зона“ - враќање на преткризниот начин на живот.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе