Коронавирусот побрзо се шири надвор

Првпат поголем број новозаразени надвор од Кина отколку во неа

Денеска има повеќе новозаразени со коронавирус надвор од Кина отколку во неа, што е голем пресврт во меѓународното ширење на ковид-19, пренесува Светската здравствена организација.

Нови случаи на коронавирус се појавуваат низ цела Европа. Десетиците заразени во Иран предизвикуваат страв од неконтролирано ширење низ Блискиот Исток. Американските власти соопштија дека не е прашање дали, туку кога вирусот ќе се појави и во САД. Во Кина, пак, епидемијата забавува, вели Њујорк тајмс.

За првпат, повеќе новозаразени се пријавени надвор од Кина отколку во неа, што е голем пресврт, соопшти Светската здравствена организација.

Кинеските власти во вторникот објавија 411 нови инфекции; во остатокот на светот, бројот беше 427. Вкупниот број на заразени на светско ниво сега достигна 80.980, а скоро 3.000 починаа.

Денеска први случаи на заразени со коронавирус пријавија Македонија, Грција, Грузија, Финска, Пакистан, Бразил (прв случај во Латинска Америка)..., а во Италија почина дванаесетти пациент.

Во своето воведно излагање во брифингот за ковид-19, д-р Тедрос Аданом Гебрејесус, генералниот директор на СЗО, рече дека се чини дека забавува стапката на нови инфекции во Кина, каде што почна епидемијата, додека расте бројот на земјите што се во рана фаза на епидемија.

„Вчера, бројот на нови случаи пријавени надвор од Кина првпат го надмина бројот на новите случаи во самата Кина. Ненадејните зголемувања на бројот на заразени во Италија, Исламска Република Иран и Република Кореја се длабоко загрижувачки. Сега има случаи поврзани со Иран во Бахреин, Ирак, Кувајт и Оман. Случаи поврзани со Италија има во Алжир, Австрија, Хрватска, Германија, Шпанија и Швајцарија.

Вчера, во Рим пристигна заеднички тим од СЗО и Европскиот центар за спречување и контрола на болести за да ги разгледаат донесените мерки за јавно здравје и да обезбедат техничка поддршка. Тим на СЗО ќе патува за Иран овој викенд за да даде помош.

Зголемувањето на бројот на заразени надвор од Кина поттикна некои медиуми и политичари да вршат притисок да се прогласи пандемија. Не треба да бидеме премногу нестрпливи да прогласиме пандемија без внимателна и разумна анализа за фактите. СЗО веќе прогласи јавноздравствена тревога на меѓународно ниво - нашето највисоко ниво на тревога“, рече Гебрејесус.

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе