„ЗА ПРОМЕНА“

Денес Парада на гордоста во Белград, доаѓаат Брнабиќ, министри...

Парада на гордоста се одржува денес во Белград, а како што пренесуваат медиумите, во српскиот главен град присуството на полицијата е јасно видливо.

Парадата на гордоста на улиците на Белград се одржува под мотото „За промена“, а ќе го отвори кумата на Прајдот, пејачката Јелена Карлеуша.

Ќе учествуваат, како што е најавено, премиерката на Србија Ана Брнабиќ, како и неколку министри, градоначалникот на Белград Синиша Мали, лидерот на Либерално-демократската партија Чедомир Јовановиќ...

Парадата почннува на пладне во Белград со прошетка на учесниците од Цветниот плоштад, улицата Крал Милан, Теразије, Коларчева улица до Плоштадот на Републиката.

Улиците на кои ќе се движат учесниците на Парада на гордоста се затворени од 8 часот наутро, а полицијата ги огради со бетонски барикади.

Парадата на гордоста во Белград во последните три години помина без инциденти.

И ако граѓаните или Владата очекуваа дека Јункер на Заев ќе му даде покана со датум за влез на Македонија во ЕУ, тогаш живееме во илузии.

повеќе

Опкружени со балкански хипернационалности, Македонците мора да се борат со тезите дека се „измислен народ“. Всушност, сите идентитети, меѓу кои и грчкиот, се изградени наративи со темели во историјата и во митот. На Македонците им треба име што го потврдува нивниот вистински идентитет независен од Бугарите, Србите или Словените воопшто.

повеќе

Некои политички партии вртат големи суми пари од нивното јавно и приватно финансирање.

повеќе