Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека сите четворица лидери ја поддржуваат идејата на Украина да ѝ се додели статусот на кандидат за членство во ЕУ.
Денес Европската комисија треба да донесе одлука за статусот на Украина.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски посетата на лидерите на Франција, Германија, Италија и Романија во Киев ја опиша како „историски ден“ за неговата земја.
„Украина ужива во поддршката на четири моќни европски земји“, рече тој во своето вечерно видеообраќање, додавајќи дека Украина сега е поблизу до Европската Унија од кога било од нејзината независност.
Макрон рече и дека е подготвен да патува во Москва на разговор со рускиот претседател Владимир Путин под одредени услови.