Во понеделникот бродот Разони ја пренесе првата пратка со жито од Украина откако Русија ја започна инвазијата. Тој пристигна во Истанбул во вторникот вечерта, а потоа се упати кон пристаништето Триполи во Либан, пишува Си-ен-ен.
По посредништво на ОН, на Украина конечно ѝ беше дозволено да извезува житарки од пристаништето во Одеса, откако руската повеќемесечна блокада на пристаништето ја влоши глобалната прехранбена криза.
Уште 17 бродови натоварени со жито чекаат дозвола да ја напуштат Украина, изјави украинскиот министер за инфраструктура Олександр Кубраков.