Денес нема да има извоз на жито од украинските црноморски пристаништа

Координативниот центар во Истанбул соопшти дека не очекува денеска бродовите со жито да ги напуштат црноморските пристаништа во Украина.

Фото: ЕПА

Во понеделникот бродот Разони ја пренесе првата пратка со жито од Украина откако Русија ја започна инвазијата. Тој пристигна во Истанбул во вторникот вечерта, а потоа се упати кон пристаништето Триполи во Либан, пишува Си-ен-ен.

По посредништво на ОН, на Украина конечно ѝ беше дозволено да извезува житарки од пристаништето во Одеса, откако руската повеќемесечна блокада на пристаништето ја влоши глобалната прехранбена криза.

Уште 17 бродови натоварени со жито чекаат дозвола да ја напуштат Украина, изјави украинскиот министер за инфраструктура Олександр Кубраков.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе