Денес ќе се одржи првата молитва во Aja Софија, Ердоган очекува 1.500 верници

Муслиманските верници ќе се соберат за прв пат во петок во Аја Софија откако Турција го прогласи тој музеј по 86 години за џамија.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган и неговите исламско-конзервативни сојузници ќе учествуваат на првата молитва во познатата знаменитост во Истанбул изградена во 6 век.

Ердоган во неделата ја посети Aja Софија, каде помина околу еден час слушајќи за подготовките за нејзиното отворање во петок.

Турскиот претседател најави дека изградбата ќе се отвори како џамија во краток рок откако судот на 10 јули ја поништи одлуката од 1934 година со која е претворен во музеј.

Ердоган во саботата рече дека очекува меѓу 1.000 и 1.500 верници да присуствуваат на молитви во петок и вети дека ќе бидат спроведени мерки за физичко растојание.

Поранешниот музеј, долго време бил симбол на секуларизмот во модерната турска република.

Изградбата служела како главна византиска катедрала се до османлиската победа во 1453 година, а од тогаш како џамија до 1934 година кога основачот на модерната Турција, Мустафа Кемал Ататурк го сменил нејзиниот статус во музеј.

Аја Софија е една од најпопуларните турски атракции, а минатата година ја посетиле околу 3,7 милиони туристи.

САД, ЕУ, Русија, УНЕСКО и неколку црковни лидери изразија загриженост поради промената на статусот на Аја Софија. Турција, од друга страна, инсистира на тоа дека тоа е нејзино „историско и суверено право“.

Ердоган рече дека ќе остане отворена за туристи, а влезот од сега ќе биде бесплатен.

Во пресрет на првата молитва, подот е покриен со тепих избран од Ердоган, а мозаиците што претставуваат христијански симболи за време на молитвата ќе бидат покриени со завеси.

Повеќето патишта се затворени, а јавниот превоз е ограничен. Градоначалникот на Истанбул, Али Јерликаја, ги замоли луѓето да донесат четири работи: „маски, подлоги за молитва, трпеливост и разбирање“.

На располагање ќе бидат 736 членови на медицинскиот персонал, 101 амбулантно возило и хеликоптер.

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе

Многумина од учесниците во македонската сага, нивните деца и внуци прашуваат: Зошто не можеме да се вратиме во земјата на нашите предци?

повеќе

Утрово осамна уште еден ден од ноември, 20-от ден од месецот. Остануваат точно уште 456 дена до 100-годишнината од коморскиот систем во нашата земја.

повеќе