Денес би можела да падне косовската влада (ВИДЕО)

Вонредната седница на косовскиот парламент на која ќе се гласа за доверба на актуелниот премиер Аљбин Курти се одржува денес.

Седницата се одржува без присуство на медиумите и гости поради пандемијата на коронавирусот.

Просториите на собраниската сала се дезинфицирани, пратениците при влегувањето во салата биле прегледани и седат на пропишаната одалеченост, пишува приштински Љајми.

Вонредната седница беше свикана на барање на 44 пратеници на Демократскиот сојуз на Косово, членка на владејачката коалиција, и дел од опозицијата.

Амбасадорите на Франција и Германија во Приштина вчера побараа од ДСК да се откаже од барањето за уривање на владата на Курти поради кризата предизвикана од вирусот.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе