Ден на жалост во Хрватска

Во Хрватска денес е Ден на жалост за жртвите од земјотресот што ги погоди централните делови на земјата на 29 декември, однесе седум животи и предизвика голема материјална штета.

Фото: ЕПА

Знамињата на зградите на државните институции и локалните самоуправи се спуштени на половина копје.

Едно девојче во Петриња, пет лица во Мајске Полјане кај Глина и оргулаш во црквата во Жажина загинаа во разорниот земјотрес со епицентар кај Петриња. Неколку десетици лица беа повредени.

Според досегашните процени, оштетени се повеќе од 2.000 згради. Уништени се голем број куќи, згради и институции, а најмногу страдаше центарот на Петриња. Многу луѓе во Петриња, Сисак, Глина и околните села останаа без покрив над главата. Штети имаше и во Загреб и во округот Крапина-Загорје, но и во градот Загреб.

Јачината на земјотресот што погоди на 29 декември во 12.19 часот беше 6,2 според Рихтер, а интензитетот во епицентарот беше VIII-IX степени од скалата ЕМС. Земјотресот се почувствува низ цела Хрватска, но и во регионот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе