Бангкок

Демонстрантите во Тајланд повикуваат на реформа на монархијата и генерален штрајк (ФОТО+ВИДЕО)

Илјадници демонстранти во Тајланд маршираа во близина на Големата палата во Бангкок за да поднесат низа барања за демократски реформи, вклучително и промени во моќното кралско семејство на земјата, во директен предизвик за кралот Маха Ваџиралонгкорн.

Screenshot

Демонстрантите, кои по големиот продемократски протест во саботата, ноќта кампувале во главниот град исто така повикаа на генерален штрајк.

Толпите беа запрени од полицијата пред врховниот суд, но на еден од студентските водачи, Панусаја Ситиџираватанакулвас, му било дозволено да помине покрај редот полицајци за на полицискиот комесар да му предаде плик што ги содржи барањата, а кое треба да му биде предадено на приватниот совет на кралот.

Во главниот град на Тајланд, Бангкок, демонстрантите поставиле симболична плоча наспроти Големата (кралска) палата испишана со порака дека Тајланд му припаѓа на народот, а не на монархот.

Тоа е најновиот предизвик за монархијата на кралот Маха Ваџиралонгкорн, како дел од најголемите протести во Тајланд во последните години, кои во Бангкок започнаа во саботата и на кои им се придружија „десетици илјади“ луѓе, барајќи реформи за ограничување на кралските овластувања и реформа на власта.

Плочата ја поставија демонстранти пред Големата палата во неделата на место познато како Санам Луанг - Кралско поле, со натпис: „На ова место народот ја изрази својата волја: дека оваа земја му припаѓа на народот и дека не е сопственост на монархот затоа што тие нè измамија“.

Кралската палата не беше веднаш достапна за коментар, ниту портпаролите на владата или полицијата.

Демонстрантите во Банкок се спротивставуваат и на владата на премиерот Прајут Чан-оше и бараат нови избори и реформи во земјата, во која на сила е закон со кој казненео се гонат критики и непочитување на кралското семејство.

Тајландскиот крал не е во својата татковина и многу време поминал во Европа откако во 2016 година го наследил својот покоен татко.

Легенда под Главна слика

Screenshot

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе