Слава на Хонг Конг

Демонстрантите во Хонг Конг создадоа своја „национална химна“ (ВИДЕО)

После неколкумесечни мирни маршеви и судири, демонстрантите во Хонг Конг започнаа да организираат поинаков вид демонстрации - масовни собири на кои се пее новата „национална химна" под име Слава на Хонг Конг.

Некои сметаат дека треба да ја замени Кинеската национална химна, јави Би-би-си Кина.

Слава на Хонг Конг е неодамна напишана од локален музичар во неговите средни 20 години, кој сака да се идентификува само како „Томас".

Во неа се пее за „солзите на нашата земја" и за „демократијата и слободата". Во последните неколку недели илјадници луѓе избраа заедно да ја пеат на различни собири во трговски центри, на фудбалски натпревари и паркови.

Томас за Би-би-си Кина изјави дека се надева дека песната ќе го „обедини Хонг Конг и ќе го зајакне јавниот морал“.

Химната трае само неколку минути. „Ветуваме: нема повеќе солзи на нашата земја“, започнува. „Во гнев, сомнежите ги распрснуваме и за тоа се залагаме. Станете! Вие кои нема повторно да бидете робови: за Хонг Конг, слободата да владее!“

Песната од тогаш се прошири, вклучувајќи го и видеото од хорот и оркестарот облечени во опрема за немири како ја пеат песната, при што се вклучени и сцени од месеците протести во Хонг Конг.

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе