„Дама слобода“

Демонстрантите во Хонг Конг поставија статуа висока три метри (ФОТО+ВИДЕО)

Демонстрантите во Хонг Конг поставија денес на ридот Лавја карпа статуа која ја нарекоа „Дама слобода“, пред денешните протести во тој град.

Статуата, која претставува жена висока три метри, со гас-маска, шлем и заштитни очила, била довлечена во текот на ноќта на ридот висок 500 метри, и покрај силното невреме.

Статуата во рацете држи црн транспарент на кој пишува „Револуцијата на нашето време, ослободете го Хонг Конг“ и ја претставува жената за која демонстрантите тврдат дека била погодена во око за време на протестите од проектил испукан од полицијата, пренесува Ројтерс.

Наислните протести ескалираа откако лидерката на кинескиот град-држава Кери Лам, по повеќе од 50 години, воведе закон за вонредни ситуации од колонијалното време, со кое е забрането носење маски за лице, за да ги задуши повеќемесечните протести.

Протестите во Хонг Конг почнаа во јуни поради спорниот предлог-закон кој дозволуваше екстрадиција на осомничените во Кина, каде, како што сметаат противниците на актот, не би имале фер судење.

Подоцна тие ги проширија барањата на повисоко ниво на демократија и помало влијание на Пекинг врз внатрешните работи на автономната провинција.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе