Демонстрантите во Хонг Конг не сакаат само да се одложи спроведувањето на законот. Најавија нови протести

Организаторите на протестите во Хонг Конг денес најавија повторно излегување на улиците на илјадници жители на поранешната британска колонија, а ќе бараат целосно повлекување на законот за екстрадиција на осомничени во Кина и одговорност од полицијата поради задушувањето на масовните протести минатата недела со солзавец и гумени куршуми.

Демонстрантите велат дека не се задоволни со одлуката за одложување на донесувањето на законот за екстрадиција на осомничените жители од Хонг Конг во Кина издадена од страна на премиерката на Хонг Конг Кери Лам и бараат контроверзниот закон целосно да биде повлечен, и Лам да поднесе оставка.

„Мислам дека повеќето луѓе во Хонг Конг нема да прифатат привремена суспензија“, рече демонстрантот Томас Хонг, кој штрајкува со глад пред зградата на влaдата.

Под притисок на масовните демонстрации минатата недела, Лам во саботата одлучи да го суспендира предложениот закон, но истакна дека нема да се откаже од законот, туку ќе ја одложи одлуката поради дополнителни консултации. Но, голем дел од јавноста на Хонг Конг не се смири со тоа, тие  сметаат дека судењата во Кина нема да бидат фер.

Неофицијалниот организатор на протестот, Фронт за граѓански и човекови права објави дека на протестот во недела ќе бараат одговорност од полицијата за употребата на прекумерна сила, солзавец и гумени куршуми против демонстрантите, поради што во средата беа повредени 81 лице.

Организаторите бараат од владата да не ги третира протестите како немири и да ги ослободат уапсените.

Поранешната британска колонија Хонг Конг беше вратена под кинеска контрола во 1997 година и според договорот за една земја и два системи на Хонг Конг треба да му се гарантира специјална автономија, вклучувајќи ја и слободата на здружување, слободата на печатот и независно судство.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе