Бараат помош од Лондон

Демонстрантите во Хонг Конг ги вееја британските знамиња и ја пееја британската химна (ФОТО+ ВИДЕО)

Продемократски демонстранти се собраа денес во близина на британскиот конзулат во Хонг Конг, барајќи од Лондон да вложи повеќе напори да ги заштити жителите на својата поранешна колонија, повторно укажувајќи на намалените слободи во таа полуавтономна кинеска територија.

Стотици луѓе ја пееја британската химна и ги вееја британските знамиња, како и знамето на таа поранешна британска колонија.

Хонг Конг минува низ најголемата политичка криза откако ѝ беше вратен на Кина во 1997 година, со речиси секојдневни демонстрации.

Демонстрантите бараат демократски реформи и, според нивна проценка, го осудуваат бруталниот полициски одговор за задушување на протестите.

Според Кинеско-британската декларација од 1984 година со која се одредува враќање на таа територија на Кина, Хонг Конг е одреден како полу-автономна област управувана по принципот „една земја, два система“, и затоа ужива слободи кои не постојат во остатокот на Кина, а според ова декларацијата тоа е со рок до 2047 година.

Меѓутоа продемократските активисти го обвинуваат Пекинг дека ги крши ветувањата и дека го шири своето политичко влијание над таа мала територија, меѓу другото, со тоа што не ѝ дозволува да има вистински избори.

Демонстрантите го обвинија Лондон дека не бара од Пекинг да ги израмни сметките.

Еден постер гласи „заедничката кинеско-британска декларација е неважечка“.

Еден број демонстранти побараа да им се овозможи на жителите на Хонг Конг да добијат државјанство на Велика Британија или на некоја друга земја од Комонвелтот.

Пред да ѝ се предаде територијата на Кина, стотици илјади граѓани на Хонг Конг добија пасоши издадени во Лондон специјално за британски државјани во странство, што им го олеснува влезот во Велика Британија, но не им дава право на работа и престој.

Околу 130 британски пратеници оваа недела потпишаа отворено писмо во кое ја повикуваат Велика Британија и земјите од Комонвелтот да ги примат граѓаните на Хонг Конг кои сакаат да емигрираат.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе