Демонстрантите во Хонг Конг бараат од Трамп да го „ослободи“ градот (ВИДЕО)

Стотици демонстранти се собраа во центарот на Хонг Конг на протест насочен кон американскиот конзулат повикувајќи го американскиот претседател Доналд Трамп да го „ослободи“ градот од кинеската управа, што е најновиот во низата протести кои го притискаат градот со месеци.

Полицијата стои покрај демонстрантите кои мафтаат со американски знамиња и транспаренти со кои ги повикуваат САД на помош и бараат демократија по уште една ноќ на насилство во 14-тата недела по ред.

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер вчера ги повика кинеските власти да покажат воздржаност во Хонг Конг.

Еспер повикот го испрати од Париз кога полицијата во Хонг Конг ги спречи демонстрантите да го блокираат пристапот до аеродромот и испука солзавец втора ноќ по ред во густо населениот кварт Монг Кок.

Лидерката на Хонг Конг Кера Лам минатата недела објави отстапки за да завршат протестите, вклучувајќи повлекување на предлог законот за екстрадиција во Кина, поради кој немирите почнаа во јуни.

Голем број демонстрантите велат дека отстапките се премалку и дека доаѓаат предоцна.

Поранешната британска колонија Хонг Конг ѝ беше вратена на Кина во 1997 под политиката „една земја, два системи“ со загарантирани слободи кои во Кина ги нема.

Голем број жители на Хонг Конг се плашат дека Пекинг се обидува да ги поткопа тие слободи.

Кина ги отфрла обвинувањата за плеткање и вели дека Хонг Конг е внатрешно прашање. Пекинг ги отфрла протестите и ги обвинува САД и Британија за поттикнување на немирите и предупредува на штетата што ја трпи економијата.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе