Демонстрантите во Белград го нападнаа и избркаа поранешниот српски министер Вук Јеремиќ (ВИДЕО)

Во првиот дел од протестите во Белград пред српскиот парламент дел од демонстрантите го нападнаа Вук Јеремиќ, еден од лидерите на опозицијата во Србија.

Screenshot

Опозиционерот Јеремиќ кој пред доаѓањето на власт на Александар Вучиќ беше министер за надворешни работи, се обиде со неколку луѓе да се качи на скалите на собранието со остатокот од демонстрантите, но дел од луѓето физички го нападнаа. Му викаа да замине, по што тој со неколку свои поддржувачи забрзани се одалечи од толпата.

Сепак, ова не им се допадна на сите демонстранти.

Еден од учесниците за телевизијата Н1 кажа дека Јеремиќ го нападнале оние кои сѐ погрешно разбрале.

„Треба да се обединиме, а тие се раздвојуваат, ова е пекол“, кажа човекот.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе