Хонг Конг

Демонстрантите скршија врата во Советот, полицијата удри со пендреци и солзавец (ФОТО+ВИДЕО)

Полицијата во Хонг Конг употреби пендреци и солзавец за да ги растера демонстрантите и да ги спречи да заземат делови од градот во пресрет на годишнината од предавањето на поранешната британска колонија на Кина.

 

Демонстрантите планирале да ја попречат годишната церемонија на кревање на знамето на која денеска присуствуваа високи претставници од Хонг Конг и Кина.

Неколку стотици претежно млади, маскирани луѓе беа во првите редови на овој настан, кој се смета за најголемата ескалација од 12 јуни, кога 5.000 полицајци пукаа со гумени куршуми за време на судирите.

Демонстрантите со метална количка се обидоа за да се пробијат низ стаклена врата на зградата на законодавниот дом.

Делови од Хонг Конг се блокирани откако демонстрантите поставиле метални бариери на улиците.

Според агенциите, при пресметката на полицијата со демонстрантите има повредени.

Денеска е 22-годишнината од предавањето на Хонг Конг на Кина, а демонстрантите најавија масовни собири за подоцна попладнево.

Протести се одржуваат на секоја годишнина од враќањето на Хонг Конг под власт на Кина, но оваа година има поголем број демонстранти поради незадоволството на граѓаните од владиниот предлог-закон што овозможува осомничените да се екстрадираат во Пекинг за да им се суди во судовите контролирани од Комунистичката партија.

Во текот на претходните два протести, според процената на организаторите, учествуваа повеќе од еден милион луѓе. И покрај тоа што премиерката Кери Лам го повлече предлог-законот, народот продолжи да протестира и сега бара таа да поднесе оставка.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе