„Хонг Конг пат“

Демонстрантите од Хонг Конг рака за рака формираа 50 километарски човечки ланец (ФОТО+ВИДЕО)

Настан инспириран од антисоветскиот „Балтички пат" низ Естонија, Латвија и Литванија во 1989 година.

Човечки ланец долг со километри вечерва се протегна на двете страни на Хонг Конг, на мирни демонстрации инспирирани од антисоветските демонстранти пред три децении.

Држејќи се за раце и пеејќи песни, десетици илјади демонстранти ги исполнија тротоарите во Хонг Конг, надвозниците, ривиерата и парковите, и го искачија еден од најпознатите врвови Лајон рок обележувајќи го со светлината од мобилните телефони.

На 23 август 1989 година, околу 2 милиони демонстранти формираа човечки ланец кој се протегал на 600 километри низ Естонија, Латвија и Литванија, во знак на отпор против Москва и стана познат како „Балтички пат“. За една година, сите три држави ќе станат независни. Симболиката е малку веројатно да не ја увидат властите во Пекинг, пренесе Гардијан.

Единаесет недели од најмасовниот протест во градот од предавањето на британското колонијално владеење во 1997 година, Кина веќе ги обвини демонстрантите за тероризам, за работење со странски сили и поттикнување „шарена револуција“ против кинеската власт.

За петочните „Хонг Конг пат“ демонстрации организаторите ги повикаа луѓето да се соберат во една линија по маршрутата што приближно одговара на метро линијата, а тоа се приближно околу 50 километри преку островот Хонг Конг, Коулон и Новите територии.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе