Демонстранти го запалија универзитетот во Хонг Конг, фрлаа молотови коктели на полицијата која го блокираше кампусот (ВИДЕО)

Масивни пожари беснееја во кампусот на Политехничкиот универзитет во Хонг Конг, каде антивладините демонстранти беа повлечени додека ја напаѓаа полицијата со бензински бомби и го повикуваа „демократскиот свет" да ги спаси.

Кампусот се претвори во бојно поле меѓу демонстрантите кои фрлаа молотови коктели и камења и полицијата која употребуваше солзавец и водени топови, како што се гледа од видеата од местото на настанот денес рано наутро.

Стотици демонстранти, скриени во зградата, го запалија влезот, намерно или заради „лошо спроведување“ на бензинските бомби, кога полициската рација се чинела неминовна.

Меѓутоа, откако полицијата го затвори кампусот за да спречи „засилувањата“ да пристигнат до областа и приведоа голем број демонстранти, властите очигледно одбраа да не упаднат во зградата.

Властите во Хонг Конг предупредија доколку демонстрантите не престанат да употребуваат смртоносно оружје како молотови коктели, полицијата ќе биде принудена да прибегне кон боева муниција.

Ескалацијата на судирите следи по дводневен прекин, а демонстрантите фрлаа бензински бомби, камења и копја. Некои дури пукаа и со стрели кон полицијата.

За време на викендот, демонстрантите нападнаа група доброволци кои се обидоа да им помогнат на властите да ги расчистат блокадите на патиштата и остатоците пред Политехничкиот универзитет. Како резултат на тоа маж и жена се хоспитализирани со повреди на главата.

Кампусот на Политехничкиот универзитет стана едно од последните жаришта на демонстрантите во Хонг Конг, откако започнаа демонстрациите против законот за екстрадиција во март. Иако законската регулатива е укината, протестите продолжија со насилни групи меѓу демонстрантите кои вандализираат имот и напаѓаат граѓани кои ја поддржуваат владата.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе