Протести во Белград

Демонстрантите бркаат групи луѓе за кои сметаат дека се провокатори пратени од Вучиќ (ВИДЕО)

Група луѓе на вечерашниве протести во Белград беа издвоени од масата демонстранти и избркани од протестот затоа што наводно провоцираат од името на претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Фото: Вијести

Тие не им дозволуваа на камерманите и фоторепортерите да ги снимаат и се закануваа дека ќе им ја скршат опремата.

Демонстрантите протераа и друга група луѓе што ги сметаат за провокатори, кои запалија факел во Пионирски парк.

Демонстрантите не дозволуваат да се палат факели и сметаат дека Вучиќ плаќа провокатори за да ја испровоцираат полицијата и повторно да предизвикаат таа насилно да интервенира.

Момче што вечерва мирно протестира за новинарите од КРИК посведочи дека повеќе лица ги повикувале на насилство.

„Ни треба насилство. Со мирни протести ништо не се постигнува“, вели маж со црна маска на снимка што соговорникот ја споделил со КРИК.

 

Легенда под Главна слика

Фото: Вијести

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе