Мексико

Демонстранти запалија полицаец на протести поради смртта на жртва на полициско насилство (ВИДЕО)

Демонстранти во Мексико запалија полицаец за време на протест за смртта на „мексиканскиот Џорџ Флојд“, притвореник што починал веднаш по неговото апсење.

Фото: ЕПА

Видеото, кое се рашири на социјалните мрежи, прикажува група полицајци со мотоцикли што се обидуваат да ги растераат демонстрантите.

Во еден момент, демонстрант со маска и очила за сонце истура бензин по грбот на еден од полицајците и го запалува.

Полицаецот паѓа од моторот, а неговите колеги и минувачите се обидуваат да му помогнат и да го изгаснат огнот. Протестите во Мексико почнаа по смртта на Џовани Лопез (30), кој беше уапсен недалеку од Гвадалахара.

Неколку часа по апсењето, тој беше однесен од затвор во болница, каде што почина.

Неговиот брат објави фотографии на кои се гледа како полицијата користи сила при апсењето на Лопез.

Се појави информација дека Лопез е уапсен затоа што не носел маска на јавно место, со што не ги почитувал мерките пропишани во борбата против коронавирусот. Сепак, властите ги негираа ваквите тврдења и околностите се истражуваат.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе