Демонстранти во Франција жестоко му возвратија на Макрон: „Ние вас ќе ве распаметиме“ (ВИДЕО)

Денес низ Франција беа одржани протести против задолжителното вакцинирање и владините мерки.

EPA-EFE

На нив беше критикувана намерата на претседателот Емануел Макрон да ги заостри ограничувањата за оние кои одбиваат да се вакцинираат против ковид-19. Макрон неделава порача дека сака да ги „распамети невакцинираните“ со тоа што толку ќе им го искомплицира животот што на крајот ќе бидат приморани да примат вакцина.

„Навакцинираните се неодговорни и недостојни да се сметаат за граѓани“, истакна Макрон.

Во Париз денес демонстрантите возвратија така што го преземаа неговиот жаргонски начин на изразување, порачувајќи дека ти ќе го „распаметат“ претседателот.

Други носеа транспаренти на кои пишуваше „Не за вакцина пропусниците“, што се однесува на притисокот на Макрон законски да се бара доказ за вакцинација за влез во затворени простори како кафулиња, барови и музеи.

На телевизиските снимки може да се види дека дошло до судир меѓу демонстрантите и полицијата на собирот во Париз, а демонстрантите исто така се собраа на улиците и на други француски градови, меѓу другите и во Марсеј, Нант и Ле Ман, наведува Ројтерс.

Демонстрантите го обвинуваат Макрон дека ги гази нивните слободи и нееднакво ги третира граѓаните, а францускиот претседател порача дека слободите носат одговорност која вклучува и заштита на здравјето на другите.

Франција во петокот, по втор пат во една недела, забележа повеќе од 300.000 нови случаи на зараза со коронавирусот, додека хоспитализациите, како и бројот на пациенти со ковид на интензивна нега постојано растат, што го става здравствениот систем под голем притисок.

 

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе