Демонстранти во Боливија го запалија „ковчегот на Моралес“ по неговата оставка (ВИДЕО)

Демонстранти во Боливија го запалија „ковчегот на Ево Моралес“ кој синоќа се повлече од функцијата боливиски претседател. Тој го направи тоа откако повлекувањето го побара врховниот командант на оружените сили на Боливија.

Оставката на Моралес предизвика одушевување кај демонстрантите, кои повеќе од еден месец ги окупираат улиците во Боливија, а Моралес го обвинуваат за кражба на изборите.

Моралес, по бурните протести кои не го натераа на оставка, по барањето на шефот на војската кој очигледно бил доволно уверлив, објави дека дава оставка.

Во меѓувреме, откако демонстрантите ја запалија неговата куќа, оставка поднесе претседателот на парламентот Виктор Борда и двајца негови министри.

Левичарските лидери на јужноамериканските држави го осудија, како што кажаа, „државниот удар“ во Боливија откако претседарелот Ево Моралес во телевизиско обраќање ја најави оставката поради немирите во земјата и под притисок на воениот врв.

Моралес кажа дека го испратил писмото со својата оставка во парламентот, а оставка од него побарале полицијата, војската и опозицијата. „Наша голема желба е да се врати мирот во општеството“, кажа Моралес. Оставка најави и неговиот потпретседател Алваро Гарсија Линера.

Оставката на Моралес ја осудија левичарските лидери на Венецуела, Аргентина и Мексико, додека кубанската влада остро го осуди „државниот удар“ во Боливија и изрази солидарност со Моралес. „Десницата со овој насилен и кукавички државен удар ја нападна демократијата во Боливија. Остро го осудуваме ударот“, напиша кубанскиот претседател Мигел Дијаз Канел на Твитер, повикувајќи го светот да се „мобилизира за животот и слободата на Ево“, пренесува Ројтерс.

Изборниот скандал го разниша Моралес, остатокот од „розевата плима“ од пред две децении, разнишувајќи ја довербата во стабилноста на демократијата во Боливија.

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе