Демонстранти во Барселона ги блокираа улиците поради судењето на каталонските лидери (ВИДЕО)

Додека во Мадрид почнува судењето на каталонските политичари обвинети за бунтот против Шпанија, низ Каталонија се организираат протести против судскиот процес кој го сметаат за неправеден.

Одборите за одбрана на Републиката (ЦДР), групите кои ја поддржуваат независноста на Каталонија, покраината со 7,5 милиони жители, преку Твитер повикаа на протести.

„Нема да дозволиме да се нормализира репресијата. Повторно ќе излеземе на улица и ќе се спротивставиме“, порачаа од таа група.

На неколку патишта во Каталонија, главно во Барселона, утринава беше прекинат сообраќајот, а собири се најавени и за попладне и навечер. Собирите на различни места во Барселона влијаат врз сообраќајот, извести градската полиција.

Во Мадрид денес почна судењето на дванаесетмината поранешни функционери на Каталонија кои го подготвија, организираа и спроведоа референдумот за независност во октомври 2017 година. Шпанскиот уставен суд го забрани референдумот како спротивен на уставот. Во парламентот во Барселона врз основа на резултатите беше изгласано формирање Република Каталонија.

Дванаесетмината каталонски функционери се обвинети за бунт, непослушност и користење јавни пари за организирање референдум. Државното обвинителството за поранешниот потпретседател на владата Ориол Жункерас бара затворска казна од 25 години.

Од едната страна на железната ограда на судот група граѓани извикуваше „Да живее Шпанија“, „Организатори на државен удар“ и „Шпанија секогаш ќе биде обединета“. Од другата страна, пак, беа граѓаните кои им даваа поддршка на обвинетите и кои судскиот процес го нарекуваат фарса. Од Барселона дојдоа и претседателот на каталонската влада Квим Тора и претседателот на регионалниот парламент Роџер Торент за да им изразат поддршка.

Судењето почна денес, а ќе продолжи во среда и четврток. Би можело да трае околу три месеци.

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе