Во очекување на пресудата за Караџиќ

Демонстранти се собраа пред судот во Хаг, дојде и до инцидент (ФОТО+ВИДЕО)

Демонстранти против Радован Караџиќ, вклучувајќи и роднини на жртвите од масакрот во Сребреница во 1995 година, се собраа пред судницата во Хаг, во која поранешниот водач на босанските Срби денеска ќе ја слушне конечната пресуда за неговата улога во крвавиот конфликт што ја растури Југославија пред четврт век.

Пред Хашкиот трибунал денеска дојде до инцидент поради транспарент на кој Караџиќ се споредува со Адолф Хитлер, кој на заштитната ограда го поставија семејствата на жртвите и претставници на бошњачките здруженија.

„Радован Караџиќ - геноцид, Адолф Хитлер - холокауст“, пишува на транспарентот поставен на заштитна ограда пред зградата на Трибуналот, а полицијата интервенираше барајќи негово отстранување.

РТРС од Хаг известува дека претставниците на Здружението на Мајки на Сребреница одбиле да го сторат тоа.

Се очекува во секој момент Хашкиот трибунал да ја изрече правосилната пресуда за Радован Караџиќ.

Објавено

Среда, Март 20, 2019 - 14:28

Културата на победништво од нашите епски и херојски денови тотално ги уназади овие општества во 20 век, вели Миљенко Јерговиќ во интервју за Бука.

повеќе

Запрашајте се, о, вие, бездарници анационални што направивте!

повеќе

Додека Бугарите се убедуваат себеси и нас дека Гоце Делчев бил Бугарин, да се потсетиме на некои од Гоцевите искажувања, кои ја одразуваат неговата големина и неговото визионерство.

повеќе